Унгарија е единствената земја во ЕУ која има повеќе вакцини од пријавени граѓани за имунизација

Унгарија е единствената членка на Европската Унија што нема проблем со недостиг од вакцини против коронавирусот, туку има повеќе дози од луѓе што се пријавиле за вакцинација, изјави премиерот Виктор Орбан.

Првата доза на вакцината против коронавирусот ја примија 54 проценти од населението, додека 38 проценти од граѓаните се целосно имунизирани, рече Орбан.

Успехот на вакцинацијата ни донесе купено време, ни заштеди пари и ни донесе слобода. Ги повикувам граѓаните што сè уште не поднеле барање за вакцинација, кои се околу 2,5 милиони, од околу 10-те милиони Унгарци, да го сторат тоа што е можно поскоро-рече ВИКТОР ОРБАН – премиер на Унгарија.

Премиерот рече дека сега Унгарија од масовна вакцинација ќе се префрли на вакцинација по потреба и дека ќе остави отворени неколку пунктови за вакцинација за оние што сакаат вакцина.

Досега повеќе од 5 милиони ја примиле првата доза од анти ковид вакцината, а речиси 4 милиони се целосно вакцинирани.

Претходно, унгарската влада објави дека преостанатите ограничувања во Унгарија кои се на сила поради пандемијата ќе бидат укинати откако целосно ќе бидат имунизирани барем 5 милиони граѓани.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста