Унгарија целосно подготвена за справување со новиот ковид бран

Унгарија е целосно подготовена за справување со есенскиот корона бран  – ги има сите услови за лекување на пацинетите заболени од  Ковид 19, уверува унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Вториот бран на епидемијата е во тек „со силен интензитет..Очекуваме бројката на заболени со коронавирусот да расте.Затоа, Унгарија  има доволен број болнички кревети, персонал и доволно медицинска опрема. Достапни се и мобилните болници за справување со напливот на пациенти, но засега нема потреба да се отвораат.” – вели Виктор Орбан премиер на Унгарија.

Во последните 24 часа, шест лица ја загубија битката со вирусот, додека 937 луѓе се инфицирани со Ковид19. Бројот на жртви во Унгарија од почетокот на панедимијата изнесува 736, додека заболени биле повеќе од 24 000.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста