Унгарија, Чешка и Словачка од полноќ ќе ги отворат границите меѓу трите земји

Земјите од Централна Европа се особено успешни во справувањето со епидемијата на коронавирусот , ја држат ситуацијата под контрола и успеваат да го задржат нискиот број на инфекции на тој начин забавувајќи го ширењето на епидемијата. Ова е оценката на министрите за надворешни работи на Унгарија и Полска.

Унгарија и Полска ќе продолжат да се подржуваат во сите предизвици како и во справувањето со последиците од пандемијата на корона вирусот, соопштија по средбата во Будимпешта, Петер Сијарто и Јацек Чапутович.  

За Сијарто е неопходно  континуираното зајакнување на соработката во Централна Европа  и посочува дека важна улога игра Вишеградската група , чие полско претседателство ќе започне во јули.

Полска ќе го преземе претседателството во критично време, кога ќе се појави нов светски поредок во екот на епидемијата, покренувајќи многу прашања што ќе ја предизвикаат Европа, рече тој.

За двајцата министри изградбата на инфраструктурата Север-Југ во Централна Европа ќе биде важна задача во следниот период. Сијарто , меѓудругото напомена дека Полска е четврти најважен трговски партнер на Унгарија, а  вредноста на билатералната трговија е повеќе од 10 милијарди евра.

Согласно договорот на Унгарија со Чешка и Словачка од вечерва на полноќ се отвараат границите меѓу трите земји  без обврска за карантин, доколку времетраењето на престојот не надминува 48 часа.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста