Унгарија бележи мал број на заразени со коронавирусот

Само 6 нови случаи на корона вирус регистрирани во последното деноноќие  во Унгарија, со што бројот на дијагностицирани  од почетокот на епидемијата се искачи на 4.339. Бројот на починати е непроменет, односно 596. Бројот на излекувани пациенти изнесува 3.232, а бројот на активни случаи е 511.

Хоспитализирани се 83 пациенти од кои пет се на механичка вентилација.  Од почетокот на епидемијата до сега се направени над 310 илјади тестирања.

Бројот лица кои се во домашен карантин изнесува 5.710.

Новите ограничувања за влез во земјата стапија во сила минатата среда со цел да се спречи инфилтрација на инфекции од странство.

Унгарската влада започна да реализира нов проект за поддршка на малите и средните бизниси во земјата тежок  2 милијарди форинти односно околу  5,7 милиони евра, соопшти министерот на надворешни работи Петер Сијарто.

Почнувајќи од трети август сите унгарски мали и средни претпријатија, доколку сакаат да се прошируваат надвор од границите на земјата ќе добијат помош од  максимум 50 милиони форинти од владата, извести министерот.

Новата ера на глобалната економија што произлегува од корона пандемија претставува предизвици и можности за земји како Унгарија кои во голема мерка се потпираат на извозот, додава Сијарто, а токму тоа е  причината зошто владата одлучи да воведе нов план за поддршка на мали и средни претпријатија.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста