Унгарија бара Србија да стане членка на ЕУ

Србија да влезе во ЕУ, да ја вратиме европската демократија бидејќи Европскиот парламент се покажа како ќорсокак, одлуките да ги носат избраните лидери а не меѓународните невладини организации – ова се дел од предлозите кои ги објави премиерот на Унгарија. Огласот кој Виктор Орбан го пратил во хрватскиот медиум Вечерњи лист ја разбранува европската политичка сцена. Дел од јавноста коментира дека секоја од точките предизвикала остри реакции затоа што Орбан во свој стил практично ја „закопал“ ЕУ.

Во Брисел градат таква супердржава за која никој не дал овластување. Ние му велиме „не“ на европското царство.Интеграцијата е средство, а не цел само по себе. Од основните договори на ЕУ треба да се избрише поставување на целта за „сè поблиската унија меѓу народите во Европа“.Силата на европската интеграција е обезбедена со заеднички економски успеси. Ако не можеме да бидеме поуспешни заедно отколку индивидуално, тогаш тоа е крајот на Европската унија – се наведува меѓу другото во огласот на Орбан во хрватскиот медиум, со наслов „За иднината на Европската унија“.

За предлозите на унгарскиот премиер, коментари стигнаа од Хрватска. Премиерот Андреј Пленковиќ не гледал ништо спорно, посебно коментирајќи ја седмата точка во која Орбан бара влез на Србија во ЕУ.

Факт е дека Орбан објавува огласи во дневни весници, со тоа сака да ја претстави својата позиција. Тој може да ја фаворизира Србија или било која земја. Што е спорно Орбан да плати оглас во хрватските медиуми? – прашува Пленковиќ.

И претседателот на Чешка Милош Земан истакна дека му се допаѓа планот на Орбан за реформи во Унијата пред се се согласувал со предлогот, Србија да стане членка на ЕУ.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста