Унгарец предложен за наследник на Јоханес Хан

Ласло Трочањи, поранешниот министер за правда во владата на унгарскиот премиер Виктор Орбан е предложен за еврокомесар за проширување од страна на новата претседателка на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Унгарецот Трочањи доаѓа на местото на Јоханес Хан. Фон дер Лајен денеска ги презентираше своите предлози за новиот состав на Европската комисија, а кандидатите ќе бидат сослушани од страна на европратениците во наредните недели.. За свои заменици шефицата на европската комисија ги назначи Валдис Домбо-ровскис, Франс Тимерманс, Маргрет Фештагер и Вера Јурова.

За иновации и млади ќе биде задолжена Бугарката, Марија Габриел, додека Ирецот, Фил Хоган ќе го добие секторот трговија.Фон дер Лајен соопшти дека сака нејзината Комисија да биде флексибилна, ажурна и современа, посветена на Европа, која ќе ги слуша желбите на Европејците.