Унгарците најмногу и веруваат на вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“

250 илјади дози на руската вакцина „Спутник Ве“ и 165 илјади од Фајзер и Бионтек пристигнаа во Унгарија, соопшти министерот за надворешни работи на земјата. Петер Сијарто рече дека Русија ги исполинила своите обврски од договорот, и во март испорачала половина милион дози од првата договорена нарачка. Според планот за имунизација на Унгарија пвоеќе од еден милион граѓани ја имаат примено првата доза од вакцината додека милион и 250 илјади се целосно имунизирани. Според најновите статистички податоци обезбедени од Европската унија, главната вакцина што се користи во Унгарија е онаа на Pfizer-BioNTech, која досега е употребена кај над 665 илјади Унгарци.  Вакцината Синофарм од Кина е втора посакувана вакцина за Унгарците односно со неа се имунизирале 158 илјади.Трета е AstraZeneca со која досега се вакцинирани 83.556 Унгарци. А уште 160.744 дози им се досптапни на граѓаните..  по неа следува Moderna со 22.912 вакцинации и 57.488 достапни дози за Унгарците. Спутник V се појавува како последна. со неа се вакцинирале 19.582 лица .
КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста