УНЕСКО укажува, власта се прави глува за уривање на дивоградбите на Галичица

Урбанизацијата е најголема закана за природните вредности на Националниот парк “Галичица ”. Во строго заштитеното подрајче на националното богатство и тоа низ целата територија на парк има огромен број нелегално изградени викенд куќи – отворено укажуваат од управата на паркот. До овој момент доставени се 500 барања за легалзиација на бесправно изградени објекти, од нив 29 се куќи.

„Ние во работната група доставивме список на бесправно изградени објекти кои за паркот се приоритетни за рушење бидејќи се наоѓаат во зона за активно управување или зона за строга запштита. Дури и во зоната за строга заштита има бесправно изградени објекти“, рече Андон Бојаџи- Н.П. ”Галичица“.

„Голем дел од сите тие дивоградби се и цели куќи дали за туризам или за живеење, така што тие се градени во подолг временски период. Можеби инспекторите напишале некој акт, констатирале дека тоа е дивоградба, меѓутоа оние кои одлучуваат за тоа, судските органи не си ги извршиле своите должности и не е постапено. Повеќе фактори се тука, некои можеби и намерно не се констатирани“, вели Ѓоко Зороски-инженер по животна средина.

Иако голем дел од куќите никнале во зона каде што не смее ниту да се гради, ниту да се легализира-сопствениците на објектите успеале да добијат локација и сега однапред бараат легализација на објект кој на терен не постои.

„Иако објектот се гради во моментов, гледаме дека тој што гради во моментов фатил бројче народски кажано кога стапи на сила законот за легализација.Како го добил бојчето,не знам, нека се думаат институциите на системот ,како било возможно да земе бројче, а нема во моментот изграден објект“, Андон Бојаџи- Н.П.”Галичица “.

Бојаџи кој е член на Комисијата за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион кажа дека уште во 2017-та по реактивната мисија на Унеско било побарано да се воведе мораториум на градба во рамките на паркот се додека не се донесат потребните просторни и урбанистички планови, но тоа не се случи. Периодот од 2 години кое Унеско ни го даде брзо поминува, а со огромниот број беспаравни објекти тешко се постапува. Ако пак на тоа додадеме дека на атрактивните делови од регионот не се случајни тие што бесправно изградиле, туку фигури кои имаат одредено влијание во општеството и тоа дополнително го отежнува постапување.

Росица Голабоска

https://youtu.be/s1u4pRze7Ak?t=1

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста