Унеско притиска, надлежните со Закон ќе ги легализираат дивоградбите на Галичица

Во строго заштитеното подрајче на Галичица и тоа низ целата територија на националниот парк има стотици нелегално изградени објекти. Точен податок немаат нити од управата на паркот, се потпираат на добиените барања за легализација на дивоградби. Шоканта е информацијата дека до сега, до јавната установа стигнале 441 барање за легализација,од нив навеќе се викенд куќи-дури 244,180 се објекти во кои живее локално население, има 11 хотели и автокампови како и 6 верски објекти. 80 од дивоградвите се изградени на државно земјиште, а 52 на имот кој е во делумна сопствесност на Р.М – ова се велат од Националниот парк, фрапантни податоци.Листа на бесрпавно изградени објекти е доставена со сите релеванти институции.

Ова покажува голем притисок за неовластено приграбување на нешто што е сопственост на сите државјани на Р.М. за лични цели,ако имаме предвид дека доминанто се викенд куќи, значи некој узурпира земјиште за без пари,настрана проблемите кои ваквото однесување ги прави на зачувување на статусот на листата на Унеско.

Сега со законот за легазализација сите оние кои дивееле ,беспавно узирпирајќи државен имот, ќе стекнат сопственост на објектите со право да го отупат по багателна цена земјиштето кое реално е многу скапо и атрактивно-вели Бојаџи. Ние не сме дале позитивно мислење за да се гради во рамките на заштитеното подрајче.Без да се земе во предвид ставот на јавната установа,согласност даваат ресорните министерства.

Тој појасна дека бидејќи немаат право дирекно да постапуваат, пријавите за регистрираните дивоградби ги испраќаат до градежната инспекција, јавното обвинителство и правобранителство. Дивоградите во нациналниот парк не се чепнати повеќе од две децении,последен пат во 1999-та се спроведе акција за нивно рушење.

Бидејќи дел од објектите се наоѓаат во зона за активно управување,дури и во зона со режим на строга заштита,ние благоворемено информиравме односно инсистиравме државата кога најави дека ќе почне кампања за рушење на бесправно изградени објекти, доминантно заради притисокот од Унеско, приоритет при рушењето да имаат бесправно изградените објекти во границите на паркот.До сега не е пристапено кон рушење на овие објекти.

Според планот за спроведување по препораките на Унеско, рушење на дивоградбите во Националниот парк и заштитенот појас е преедвидено на крајот од 2023 година. Со над 22.000 хектари, територијата на паркот се протега на две општини Охрид и Ресен. Наезда од дивоградби има исклучиво на охридсата страна на паркот.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста