Украина бара доброволци од Македонија – учеството во странски војски е кривично дело

Повикот на Украинската амбасада во Скопје со кој се бараат доброволци од Македонија што би заминале на фронт е незаконски и амбасадата треба да го повлече. И доколку некој прифати и замине, ќе треба да лежи затвор кога ќе се врати во Македонија. Според македонскиот кривичен законик, за учество во странска војска, воени или паравоени формации следува затворска казна од пет години. Не само тоа, законот предвидува казна и за тој што организира или повикува на такво учество преку било кој медиум и социјални мрежи.

Со оглед на тоа што во случајов станува збор за странска амбасада, Владата и Министерството за надворешни работи треба да реагираат и да и укажат да го повлече повикот. Засега владата и МНР молчат по ова прашање. Експертите предупердуваат дека овој повик може да се протокува и како мешање во внатрешмните работи на Македонија
По овој повик, може да зборуваме за директно мешање на Украинската Амбасада во внатрешните работи на Македонија бидејќи никој не смее да се меша и да настојува било кој да учествува во воени или паравоени формации, во кризни региони. МНР треба да испрати протестна нота кон Амбасадата со која во најблага форма ќе и укажат на Амбасадата дека ова е директно мешање со тенденција да се загрози и целокупаната безбедност на Македонија – вели поранешниот началник во МВР, Љубомир Ѓурчевски.
Ѓурчевски додава дека оперативните служби на МВР, Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за контраразузнавање, треба да им укажат на македонските граѓани дека не смеат да одговорат на повиците за регрутација на лица кои ќе учествуваат во кризните региони, бидејќи тоа е противзаконски. А како држава, треба да се оградиме од сите нивни дејствија.
Законот беше донесен пред 8 години кога тогашната власт сакаше да спречи напши граѓани да учествува во крвавиот конфликт во Сирија. Во тоа време обвинителството гонеше 36 луѓе – на 11 им беше изречена казна затвор поради војување на Блискиот Исток во име на друга војска, а 25 беа недостапни за органите на прогонот.
Веднаш по руската инвазија врз Украина, претседателот Володимир Зеленски упати јавен повик за доброволци кои ќе се борат во кризните подрачја. Првиот човек на украинската дипломатија Дмитро Кулеба информираше дека пристигнати се повеќе од 20.000 доброволци од повеќе земји ширум светот.
Адријана Алексиеска