Украдено масло од канабис во вредност од 5 милиони долари од фабриката „Фајв Летерес “ кај Алдинци

Спектакуларен грабеж на масло од Марихуана во Крушевската фабрика „Фајв Литерс“, обзнани опозицијата.

„Утрово повторно кражба на марихуана, овој пат на масло во вредност од 2 мил. евра во “5 летерс” кај Алданци.
*Ако веќе 5 дена го чекаме Спасовски да каже за кражбата на оружјето, бомбите и муницијата во СВР Охрид, може да се претпостави дали и кога ќе го расветли случајов со кражбата на масло од марихуана.“ – Напиша опозицискиот пратеник Драган Ковачки на својот фејсбук профил.

Според информациите до кои стигна Алфа, од украдените 108 шишиња масло од канабис, дури 93 биле по 1000 милилитри. Тоа значи дека крадците во моментов имаат над 100 литри масло од канабис, во пазарна вредност од околу 5 милиони долари.

Маслото било чувано во специјален безбедносен сеф, до кој се пристига преку посебен коридор. Воедно, силните безбедносни мерки на објектот вклучуваат и физичко обезбедување, висока жичана ограда, околку 150 безбедносни камери и алармни системи, но и покрај ова, крадците успешно ја ограбиле.
Од МВР за Алфа ја потврдуваат информацијата, велат, биле користени посебни алатки за упад во објектот

„На 19.04.2022 во 11.31 часот во СВР Битола, раководител на агенција за обезбедување пријавил дека во периодот од 18.30 часот на 18.04.2022 до 06.30 часот на 19.04.2022 во фабрика за производство на марихуана во стечај во близина на с.Алданци, крушевско, било влезено со употреба на сила и подесен алат и биле одземени 108 шишиња масло од канабис и 6 најлонски ќеси со иглички од цветот од растението канабис. Увид на местото извршиле увидни екипи од Надворешните канцеларии за криминалистички работи Крушево и Прилеп и се преземаат мерки за расчистување на случајот.“ – одговорија од МВР на новинарско прашање од ТВ Алфа.

Одговорт од МВР отвара и нови дилеми. Зошто и покрај сите преземени безбедносни мерки, покрај камерите и чувари, се чекало повеќе од 5 часа за да биде пријавен случајот во полиција?

Инаку, ова не прва грабеж во крушевската фабрика. Во 2020 година од објектот биле украдени 60 килограми марихуана, а помеѓу осомничените според порталот „360 степени“ е и роднина на заменик-министерот за внатрешни работи, Назим Буши. При тогашниот увид, инспектори открија и непријавена количина на канабис, поради што компанијата „Фајв летерс“ ја загуби лиценцата за работа и прогласи стечај. Според неофицијалните информации до кои дојде Алфа, фабриката сега е во бугарска сопственост, а од стечајната маса било изземено, сега веќе украденото масло од канабис.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста