УЈП влезе и во маркетите „Кипер“

„Кипер“ маркетите и денеска останаа затворени откако синоќа УЈП  започна со контроли во малопродажните продавници и на овој ланец  во Скопје и низ државата.

Управата на Кипер соопшти дека станувало збор за контрола од страна на УЈП. Но зошто таа веќе втор ден ги држи под клуч, детално објаснување од УЈП нема.

Ве известуваме дека во маркетите Кипер во тек е редовна контрола од страна на инспекторатот. Заради создавање на услови за работа на службениците, продавниците во кои контролата продолжува ќе бидат затворени до завршување на процесот на евидентирање, велат од Управата на Кипер маркети.

Дел од граѓаните кои редовно купуваат во маркетот велат дека слушнале за контролите но сепак беа изнеадени што маркетите и натаму се затворени.

Акцијата на УЈП во Кипер следува по онаа во КАМ маркетите кои исто така беа затворени поради контрола на работењето. Ваквиот потег предизвика бура реакции во јавноста но отвори и сомнежи за селективност на надлежните. Од УЈП се правдаа дека станувало збор за контроли откако имало увид кој покажал дека дел од маркетите не ја почитувале одлуката за нула ДДВ за основните производи. КАМ не заработи пенали, но претходно оваа компанија доби казна од 15 илјади евра за нечесно трговско работење.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста