Управата за јавни приходи најавува дека ќе го повлече решнието со кое се бараше управителот на „Алфа скоп“, фирмата мајка на телевизија Алфа, да плати 200 илјади евра наводен даночен долг за кој се води судски спор.

Остварена е средба со УЈП и со правните застапници на компанијата и на телевизијата на која било договорено постапката да продолжи според закон и во рамки на судската постапка која е во тек.

Алфа останува отворена за соработка со сите државни институции, вклучувајќи ја и Управата за јавни приходи.

Advertisements