Угостителите трпат голема штета, ќе биде добро ако до крајот на годината стигнат до позитивна нула

Угостителите разочарани, иако правеа долги подготовки, рестораните и понатаму ќе бидат под клуч. Министерот за здравство Венко Филипче најави дека следната недела ќе се испрати предлог план до Владата, а дури потоа тоа ќе се одлучува дали и како ќе функционираат истите. Од Национална асоцијација за дојдовен туризам во Македонија велат дека имаат веќе подготвен план како ќе работат, според препораките на СЗО.

Навистина е голем проблем што не работиме, ние сме свесни за состојбата со Ковид 19 и според препораки на СЗО, направени се акти како ќе функционираат рестораните и хотелите – вели за Алфа Дина Муцунска од Национална асоцијација за дојдовен туризам во Македонија

Ситуацијата со Корона вирусот ги исцрпи сите можности за угостителите да можат да ја издржат кризата, велат упатените.  Угостителите ќе трпат голема штета, ќе биде добро ако до крајот на годината стигнат до “позитивна нула”.

Помалите објекти дури до година ќе можат да се опорават од оваа криза, оваа година ќе се работи во минус, а ќе биде добро ако сопствениците стигнат до позитивна нула – додава Муцунска.

Кога конечно ќе добијат дозвола, рестораните ќе работат со намален капацитет, маси со паравани, плексиглас или стакло помеѓу нив, келнерите ќе носат заштитна опрема, а на маса ќе седат одреден број луѓе.

Адријана Алексиеска

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста