Угостителите се жалат дека владините мерки се рецепт за пропаст на нивниот бизнис

Новите рестрикции за влез во кафаните со сертификат за вакцина ги раскара угостителите, но и гостите. Владата ја постигна целта и наместо да помогне, на кафулињата и рестораните им создаде сериозни проблеми со поделбите, алармираат од Независната угостителска комора. Ниту редар ниту било кој вработен во угостителски објект нема право да го идентификува гостинот дали е вакциниран или не, децидни се угостителите. Велат, вака скроените мерки го кршат Законот за заштита на лични податоци.

  • Владата ја постигна целта и наместо да помогне, на кафулињата и рестораните им создаде сериозни проблеми со поделбите, негативната цел е постигната. Ги раскара буквално сите. Сега чекаме измени кои би биле малку посоодветно осмислени и кои би и дале малку повеќе логика на целата оваа приказна. Ова што е сега во сила, се донесе набрзина поради целата ситуацијата, вели Јосифовски за Алфа.

Дека владината одлука е неспроведлива и со неа си ги бркаат сопствените гости, реагираат и угосителите од Битола. Повикуваат на итно ревидирање на мерките, зашто во прашање им биле опстанок на бизнисите.

Што се однесува до струмичките протести, тие ќе се одржат деновиве. Од Комората ги поддржуваат сите, кои имаат за цел да ги зачуваат бизнисите, зашто вака скроените мерки одат само на нивна штета.

  • Ќе ги поддржиме сите, и струмичките колеги и оние кои што сметаат дека треба да се преземе нешто, зашто овие мерки се фијаско, барем за нас, како фела. Сметаме дека тука треба да се создаде можност за влез во овие објекти и за лицата кои прележале ковид-19 во изминатите 6 месеци или кои ќе приложат резултат од негативен PCR тест или антиген тест. На тој начин повторно се внимава на заштита на здравјето, но се создава дополнителна можност за да не бидат изолирани лицата кои не се вакцинирани, а сепак имаат стекнат имунитет или со тест докажуваат дека не се носители на вирусот, вели тој.

Вака скроените мерки ги доведуваат во заблуда работодавачите, но и опстанокот на секторот. Во изминативе неколку дена, прометот им е намален до 70% на оние кои работат, зашто добар дел од нив ставиле клуч на врата.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста