Угостителите се жалат на конфузните владини протоколи, бараат итни промени

Додека власта се фали со доделување на ваучери за летување, хотелиерите збунети и во неизвесност ги чекаат новите протокли за работа. “Амин” за отварање на хотелите, дозвола за организирање на свадби и продолжување на работното време на кафаните и кафулињата се очекува да даде комисијата за заразни болести. Од таму за Алфа брифираат дека денеска за овие прашања било дискутирано, но поради одредени несогласувања, конечните препораки ќе се знаат утре. Повеќе од сигурно е дека угостителските објекти ќе работат и по 22 часот, хотелите ќе почнат со работа, ама свадби нема да има.

Од Хотелската асоцијација на Македонија со песимистички предвидувања, со овие рекордни бројки на заболени не очекуваат подобрување на состојбата и по цена да се врати се во нормала.

“Има една друга страна што не загрижува, што бројката на заболени ни е превисока и многу малку оздравуваат. Мислам дека во моментот и да се отвори, секако дека мерките треба да бидат престорги со примање на гости во хотелите и со работата на рестораните.” – рече претседателот на ХОТАМ Крсте Блажевски.

Разочараност има и кај хотелиерите, велат загубите досега се огромни ама мора да се почне со работа за да нема клуч на врата за голем дел од хотелите.

“Протоколите докажаа дека неможат успешно да се справат со Ковид19. Ако продолжи вака растот на заболени, не значи дека ние треба да продолжиме да бидеме изолирани бидејќи се работи за голема индустрија.Заедно со рестораните треба да се отворат и хотелите, спа центрите и базените.”вели Ќемали, заменик извршен директор на “Дебарски бањи”.

За дали да се продолжи работното време на кафаните и кафулињата граѓаните се со подeлено мислење.

Од друга страна, дел од хотелските работници нагласуваат и дека Владата мора да разгледа можност за намалување на ДДВ-то, мерка веќе преземена во Бугарија и Грција. На тешката финансиска состојба се жалат и угостителите од Тиквешијата кои на еден ден ги затворија своите бизниси и протестираа.

 

Ања Василева 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста