Угостителите реагираат на новите мерки, бараат и со ПЦР тест да се влегува во кафеана

Мора да сте целосно имунузирани со ковид-вакцина или да сте го прележале вирусот во последните 45 дена за да  влезете во угостителски објект или да посетите мол. Министерот за здравство Венко Филипче преку социјалните мрежи испрати апел до граѓаните да ги почитуваат новите мерки и што поскоро да се вакцинираат, бидејќи вирусот може да се победи само со колективен имунитет. Освен апели од министерот и примени две дози за слободно движење, засега Комисијата за заразни болести не препорача воведување на нови рестриктивни мерки за да се спречи нов есенски корона бран.

Угостителите пак сметаат дека оваа мерка е уште еден удар врз нивниот бизнис. Од независната комора предлагаат доколку се неопходни рестрикции, зошто да не се дозволи влез во кафуле и ресторан и со негативен ПЦР тест исто како што се влегува на граничните премини и зошто мерило да не биде количината на антитела.

Фактот е дека државата директно нанасува штета, за која учекуваме дека владата ќе најде начин и модули за сите штети кои се направени со одлуката на оваа мерка. Она што ни е јавува како проблем ни се наредните предновогодишни забави и настани кои се нудат во угостителските објекти а им е забранет влез на овие гости. Она што предлагаме и она што очекуваме е истиот третман кога странските државјани можат да влезат во државата со ПСР тест да им  се овозможат влез на граѓаните да влезат и да не бидат дискриминарани-вели претседателот Здравко Јосифовски на НУК.

Инаку според последните информации на здравствените власти, до 13 ноември, со една доза вакцинирани се 58 отсто од полнолетните граѓани во земјата, а 47 отсто се ревакцинирани. Ако се земат предвид и малолетните граѓани, тогаш 38 отсто од целокупната популација во државата е ревакцинирана или во бројки целосно имунизирани се 784.833 лица.

Advertisements