Угостителите повторно на протест

По игнорантскиот  однос од надлежните, угостители, музичари, фотографи, вработени во студија за декорации, слаткарници, цвеќарници, шминкерници и сите останати дејности поврзани со организирање на свадбени прослави повторно на протест. Го блокираа сообраќајот на булеварот Александар Македонски во главниот град од 15 до 17 часот. Најавија дека блокадите ќе продолжат се додека не саднат на маса со претставници од Министерството за економија и Комисијата за заразни болести, да преговаат под кои услови ќе можат да работат.

  • Бараме Владата за нас рестораните за организирани настани и ноќните клубови да направи посебен пакет на мерки и да не гледа како сујекти кои точно една година се 100% погодени од ковид пандемијата. Да  повториме, ние не бараме да работиме затоа што Владата ни има дадено забрана за вршење на нашата примарна дејност и поради тоа треба да ни помогне да ја надминеме пандемијата се до моментот додека повторно не почнеме да работиме. Овие барања се од суштинско значење за нашиот опстанок имајќи го предвид сезонскиот карактер на нашата дејност – рече МАРИЈА СИНАДИНОВСКА АРСОВСКА – угостител.

Од министерството за здравство велат во моментов нема промена за протоколите во однос на угостителските објекти.

Но, угостителите се убедени дека има простор за разговори и договор. И газдите на ноќните клубови ќе прифатат да работат под нови протоколи се со цел да ги ублажат загубите.

  • Затоа сакаме да седнеме на маса да се договориме на кој начин ние би функционираме, дали ќе почнеме порано и ќе затвориме порано, сето тоа ќе треба да го дискутираме – рече ГОРАН АРСОВ – сопственик на ноќен клуб.

Следниот протест е закажан за во среда во Скопје. 

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста