Угостителите на средба со Битиќи во петок, субвенциите за плати се приоритет

На последниот ден од рокот кој го дадоа угостителите, вицепремиерот Битиќи им закажа средба за во петок во 14 часот. На средбата  ќе се дискутира околу доставените и предложени барања на Независната угостителска комора до Владата за поддршка и помош од петтиот сет економски мерки. Од НУК велат дека примарно им е барањето за субвенција – поддршка и помош за бруто плати за угостителските работници за периодот јануари и февруари за да може угостителството повторно да се подигне на нозе.

– Нашите барања и понатаму се согласно доставените, кои се јавни и транспарентни, што е основно и што сметам дека итно треба да го решиме и направиме во петок, а тоа субвенција на плати за која сметам ќе има време да се направи до први, за месеците јануари и февруари. Тоа се месеци кога навистина Угостителската индустрија треба да ривитализира и ќе треба таа првична помош и поддршка да може после да врати на владата и на сите останати институции преку својот допринос – данок кон државата-вели Здравко Јосифовски-претседател на НУК.

Целта на угостителите не е да се создава конфликт туку да дискутира за реална помош која што Владата може да им ја вети но и исполни на угостителите. Од Владата уверуваат дека ќе успеат заеднички да изнајдат начини прифатливи за угостителската индустрија во согласност со можностите.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста