Угостителите на протест пред Министерството за финансии

„Нема скара – нема мир“, „Субвенции да, кредити не“, „Затворени агенции, пропаднати ваучери“ – се дел од паролите од денешниот протест на туристичко угостителскиот сектор пред Министерството за финансии. Со музика и свирежи свои барања истакнаа и од ивент-индустријата, игротеките и туристичките водичи.

Угостителите разочарани од задоцнетата и недоволна помош од државата, бараат грантови од 5000 до 15 илјади евра а рестораните кои организираат семејни прослави до 50 000 евра.

Бараме еднократка финансиска помош не само за зачувување на работните места, ние немаме средства за егсистенција. Понуди од Влада за користење на кредити нема да ги сметаме за помош. Бараме еднократна финансиска помош во вид на грант за сите угостителски објекти, рече Мартин Ангеловски , потпретседател на Туристичко-угостителската комора.

Туристичките работници бараат да се продолжи рокот на неискористените ваучери од владината мерка  „Дома си е дома“ и истата да се реализира исклучиво преку нивните агенции .

Загубите во секторот се големи, а погодените велат дека немаат ниту сила ниту финансии да ја продолжат оваа битка. Ќе останат на улица се додека надлежните не ги слушнат нивните барања за да можат да ја пребродат кризата.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста