Угостителите лути на власта, бараат протоколи, а не ограничување на работното време
Угостителите лути на власта. Бараат протоколи за работа, а не ограничување на работното време, откако министерот Венко Филипче рече дека по 21-ви јануари тие ќе можат да работат до 21, но не и подоцна како што бараа тие. Реагираат наместо да се ограничува нивната работа министерот и Комисијата за заразни болести да најдат време за унапредување на протколите и да донесат нови правилници за секторот да не тоне во загуби. Од НУК сметаат дека со ваквите рестрикци се кршеат на уставните права.
- Работното време на угостителските објекти е утврдено во членот 23 од Законот за угостителска дејност, кој закон не е ниту укинат, ниту суспендиран во моментот. Ниедна одлука на Владата, ниту нејзина измена за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита од Ковид -19 со која се носат препораки и протоколи за ограничување на работното време за работа на угостителските објекти кое работно време е утврдено со важечки закон е неуставна, велат од Комората.

И покрај барањето на угостителите, од Владата сеуште не добиле покана за средба за да учествуваат во креирањето на нови предлози и мерки за нивен спас. Сметаат дека тие треба да бидат опфатени со посебен сет на мерки затоа што се најпогодена гранка.
- Угостителската индустрија нема време за чекање и со цел угостителите да ги сочуваат сите работни места на угостителските работници очекуваат веднаш и итно Владата да донесе одлука за продолжување на мерката субвенција на бруто плати од почетокот на јануари 2021 години со траење се додека се во важност ограничувањата со рестриктивните мерки односно протоколите за работа на угостителски објекти или до званично завршување на пандемијата Ковид-19, вели Јосифовски.

Угостителите бараат субвенции за сите вработени во секторот, грантови, безкаматни кредити. Според пресметките од ограничувањето на работата до 18 часот загубите стасале до 50 милиони евра.

Инаку, од следната недела, кафулињата, рестораните и останатите угостителски објекти ќе работар до 21 часот, но тие со подобрувањето на епидемиолошката слика очекуваат да им биде одобрено продолжување на работното време не до 21, туку до 23 часот, ако веќе не може да се врати старото регуларно работно време.
Борис Грујоски