Угостителите и даваат рок на Владата до 25-ти јануари да ги исполни нивните барања

При крај е трпението на угостителите кои чекаат покана за работна средба со Владини претставници – Независната Угостителска комора и дава рок до 25 јануари на Владата да ги усвои нивните барања за креирање посебни мерки за директна помош и поддршка на угостителската индустрија. Сите индустрии добија поддршка и помош од досегашните сет економски мерки, само за угостителската дејност, континуирано се носат препораки и протоколи со ограничувања за работно време и повторно сме ставени на „игнор “ од страна на Владата смета НУК.

Значи збунети сме и изненадени што од најавениот петти сет мерки, наместо првите мерки да бидат наменети за најзагрозените индустрии, туристичко-угостителската индустрија, фактички Владата ги става на „игнор“,и носи други мерки кои што не коренсподираат и покрај тоа што најзагрозени се угостителите поради рестриктивните мерки и ограничувањето со работно време се во големи загуби и трпат енормни штети. Од таа причина, со оглед дека до денеска не добивме никаква покани ниту известување од страна на Владата околу предложените и барањата доставени од НУК за петтиот сет на мерки а со оглед дека Владата веќе имала состаноци со другите комори врз на кои што донела одлуки за поделба на субвенции и неповратна помош по основ на укинување на царини и други давачки за одредени индустрии им дадовме рок во рок од 5 дена да не покани и да седнеме на маса и да продискутираме за нашите барања и нивните предлози и да видиме и да знаеме на што сме како угостителска индустрија вклучени и уклучени во петтиот сет мерки.

Доколку Владата за пет дена не им одговори на барањата и повторно ги игнорира додава претседателот на НУК, ќе преземаат радикални мерки.

Како што кажавме и во минатото сметаме дека било која одлука или измена на одлука со која што се ограничува работното време на угостителската индустрија е незаконска за тоа повторно ќе бидеме приморени да ги запазиме процедурите преку Уставниот суд со барање на навремени мерки се до моментот додека сите одлуки кои што се однесуваат на скратувањето на работното време се несновани и неуставни. Она што е битно е дека угостителите и покрај сите работи и понатаму ќе ја почитуваат секоја одлука која што ја носи Владата како препорака на Комисијата за заразни болести се со цел да излеземе во пресрет на заштита на јавното здравје и подигање на свеста на луѓето за  превенцијата и борбата против пандемијата ковид-19.

Вицепремиерот Битиќи не се согласува со Независната угостителска комора дека угостителите не се поддржани наспроти сите останати сектори.Тој посочи дека уште во првиот и вториот актикризен пакет имало мерки насочени само кон угостителскиот сектор.

Јас сум отворен да комуницирам дури и со неистомисленици без разлика дали тие претставуваат само мала група на луѓе или претставуваат поголема група на стопански субјекти. Имаше период на изјаснување за собирање на предлозите за мерките. Ќе ги видиме и ќе разговараме, но треба да сфатиме дека во овие тешки периоди, сите треба да бидеме разумни во очекувањата и можностите – рече Битиќи.

Инаку, од утре угостителите ќе  работат до 21 часот, но, дали ќе има продолжување за уште два часа, односно до 23:00, како што бараат, ќе се знае идната недела.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста