УЕФА ја претстави фудбалска Македонија во Европа!

По тридецениска борба, амбиција, желба и што уште не, конечно, дочекавме Европската куќа на фудбалот да испише неколку редови за тоа која е репрезентација на Македонија.

УЕФА потсети на мечот Македонија- Грузија одигран во ноември, на кој херој беше капитенот Пандев со голот вреден историски пласман за нас на едно Европско првенство. Во статијата на УЕФА, Пандев, Барди и селекторот Ангеловски се претставени како најважни карики за нашата репрезентација. Пандев како национален херој со 114 натпревари и 36 погодоци. Барди како исклучително важен во креативноста на нападот и слободните удари. А, селекторот Ангеловски како рекордер со 45 натпревари меѓу 17те досегашни предводници.

За најважни моменти во историјата на мак-фудбалот, покрај голот на Пандев со Грузија, стои и неверојатната победа против Лихтенштајн со 11-1. Македонија ќе дебитира на големите натпреварувања против Австрија на 13 јуни, а во групата ќе игра уште со Украина и Холандија.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста