УЧК, камења, пиротехника, скршени стакла: „Вистината“ на Заев за „Монструм“ ја нема- семејствата на обвинетите незадоволни

Со пиротехнички експлозивни материјали и камења кон министерството за надворешни работи, но дел и кон новинарските екипи, заврши протестот за „Монструм“.

Граѓаните и семејствата на обвинетите, кои ја очекуваа новата вистина што ја сервираше Заев, не успеаа да се пробијат до обвинителството, но затоа јавно испратија серија навреди кон обвинителката Фатиме Фетаи која побара доживотни казни затвор за обвинетите за настаните кај Смилковско езеро. Не беше одбегнат ниту УЧК, се скандираше името на оваа паравоена формација, која се бореше против македонската армија во 2001 година.

По изјавите на Заев, сега згаснатото СЈО, го врати случајот од почеток, се бараше новата вистина, која сепак на крајот ја нема, обвинението остана речиси исто, а казните кои се бараат исти како првите. Токму ова го буди сомнежот кај дел од граѓаните, дека обвинетите во „Монструм“ се неправедно обвинети.

ТОНСКО БЕДРИ АЈДАРИ: Значи сите тие луѓе веруваат дела треба тука правда и само правда, за сите монтирани случаи, политички, а знаеме дека не се малку. Но знаеме дека не се малку и во македонската страна, каде луѓе се таргетирани од системот. Јас реков има црна рака која оперира во сите системи, значи тоа е системот кој работи во државата, изјави Бедри Ајдари, иницијативниот одбор на протестите.

Велат нивните семејства не биле едуцирани за убиства, осудувајќи овој настан.

ТОНСКО БЕДРИ АЈДАРИ: Нашите семејства, не сме ние едуцирани да убиваме нешто, некого, најмалку да направиме терористички чин. И затоа го осудуваме настанот. Меѓутоа, значи јас го осудувам и како претседател на овој како се вика одбор, јас сум како претседател за Монструм, изјави Бедри Ајдари, иницијативниот одбор на протестите.

Инаку, за случајот „Монструм“ веќе беше донесена пресуда, која беше урната од Врховниот суд и случајот беше вратен на повторно одлучување. Обвинетите за настаните од Смилковско беа осудени на доживотни казни затвор.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста