Училиштата ги отворија вратите за упис на првачиња

Започнаа уписите на првачињата за учебната година која следи, но под посебни услови. Просветните работници под ригорозни мерки ги тестираат најмладите, а во школските дворови го нема познатиот метеж од родители и деца како што беше изминативе години. Пандемијата со корона вирусот наметна посебен начин на функционирање и во воспитно-образовниот систем.
Тестирањето започна денеска а ќе трае до 30 јуни со што ќе се тестира на секој половина час по едно дете, во период од 09:00 до 13:00 часот.

“Тестирањето ќе се врши во посебни услови, на влезовите има средства за дезинфекција и лична заштитна опрема, ќе влегуваат по едно дете и еден родител, ќе се прави пауза од 30 минути со цел да се дезинфицираат површините и опремата за тестирање на децата” – вели за Алфа Фоника Станоева, педагог во ОУ. “Блаже Конески” – општина Аеродром.

Наместо во мај, како што е утврдено во Законот за основно образование, оваа година уписите се одложија за еден месец подоцна поради заштита од зараза со Корона вирус, а родителите ќе имаат на располагање еден месец да ги запишат своите деца во основно училиште. Резултатите од тестирањата треба да бидат објавени на 15 јули.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста