Учениците од кочанското училиште „Гошо Викентиев“ од утре се враќаат на настава со физичко присуство

Надлежните го санираа СОУ „Гошо Викентиев„ во Кочани но само половично. По десет дена од поплавувањето дел од училниците се оспособени за настава, но се уште неупотреблив е вториот кат.  Сите 650 ученици од утре може да се вратат на настава со физичко присуство, но проблемот допрва ќе треба да се решава. Не само во делот на целосната санација, туку и со расчистување на одговорноста. Градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов најави целосна ревизија на постапката за јавна набавка.

Новиот директор беше затекнат во целата оваа ситуација. На еден нетранспарентен , во една несоодветна постапка е влезено во проект кој е изложен на одредени ризици .Со сите овие активности што ги правиме, ќе ја утврдиме настанатата штета. Откако ќе утврдиме чива е одговорноста, ќе побараме надоместување на штетата„-изјави градоначалникот Љупчо Папазов.

Градежен,шумарски и проценител за електрика извршија проценка на штетата, но таа засега не се соопштува. Нивните извештаи треба да бидат готови до крајот на  неделата. Според директорот на училиштето  до поплавувањето дојде откако изведувачот го открил кровот и го оставил непокриен, па водата од поројните дождови и снег навлегла во објектот и ги потопи двата ката.

Александра Ристевска  

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста