Учениците на распуст, желбата да се вратат во училишните клупи годинава нема да се оствари

14 дневен прекин на воспитно образовниот процес по појавата на првите случаи на корона вирус во земјава – беше првата мерка на здравствените власти. Но училиштата останаа затворени до први октомври – тогаш заѕвони училишното ѕвонче но само за учениците до трето одделение.

-Учениците од основните и средните училишта не се враќаат во училиште до крајот на учебната година“, вели Арбер Адеми, министер за образование

Укината беше и државната матура. Уписите на првачињата пак започнаа месец подоцна од вообичаено, под строги протоколи.

“Тестирањето ќе се врши во посебни услови, на влезовите има средства за дезинфекција и лична заштитна опрема, ќе влегуваат по едно дете и еден родител“ 1 јуни, изјави Фоника Станоевскка, педагог во ОУ„Блаже Конески“

Слична беше сликата и во средните училишта каде деветооделенците се запишуваа на 15 јуни.

Распустот  беше исполнет со оптимистички верувања дека наредната учебна година ќе се реализира со физичко присуство. Статистиките на заразени со Ковид 19 не го дозволија тоа – започна бомбастичното најавување на националната онлајн платформа.

“Горди сме што за прв пат создадовме единствена Национална платформа за онлајн учење“, посочи премиерот Зоран Заев.

Тестирањето на функционалноста за онлајн часови се пренасочува од платформата , директно кон порталот Microsoft Тeams.” – учениците добија нови инструкции.

Средношколците преку протести бараа да се вратат во школските клупи.

Сепак , на први октомври учебната година започна со далечинско учење.

– „40 000 деца веројатно нема да имаат ИТ уреди“ , вели Мила Царовска, министер за образование

 – „Имаме и еден компјутер ни го дадоа добри луге. Има дефект, треба да се поправи. Ама интернет немаме. Денес прашав, ми велат 1000денари месечно, од каде да ги дадам.“, дополнува Санде Стојанов, татко на 8 деца.

„Не само што немаат комјутер, туку голем дел од нив немат ниту интернет, а исти така голем дел не знаат да ги користат уредите затоа што претходно ги немале“ , истакна Димче Каневче

Наместо стратегија, Владата со алтернатива оти сме земја во развој и „добронамерни“ совети.

„Да не заборавиме дека ние како Влада заедно со МТВ обезбедивме настава на телевизија, со оглед на тоа што сме држава во развој“ , вели Царовска

Образовниот систем  во хаос – новата идеја на министерката ги налути просветните работници.

-„Разговараме дека со рационализација на средства, можеме да постигнеме повеќе инвстиции во инфраструктура, во ИТ опрема наместо да ги расфрламе финансиите за загревање на цела училница за еден наставник, вели министерката за образование

Учениците на распуст, а шансите за враќање во училишните клупи по зимскиот одмор се сведени на нула. Надеж дека работите ќе се променат дава само најавената вакцинација, за која уште не се знае кога ќе биде спроведена. Можеби, од наредниот септември вратите на училиштата ќе се отворат за сите ученици.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста