Учебници за петто и шесто одделение по „Историја“ дефинитивно нема да има до крајот на првото полугодие

Учебници за петто и шесто одделение по „Историја“ дефинитивно нема да има до крајот на првото полугодие

Учебници за петто и шесто одделение по новиот предмет „Историја и општество„ дефинитивно нема да има до крајот на првото полугодие. Министерот за образование со старото оправдување – уште не можел да најде рецензенти. Неофицијално, проблемот е што ретко кој ќе прифати да рецензира учебник пишуван по бугарски диктат.

Учениците од петто и шесто одделение дефинитивно нема да ги добијат учебниците по „Историја и општество“ до крајот на годинава. Министерот за образование Јетон Шаќири со старото оправудвање дека немало рецензенти, односно не сакале да ги напишат. Се надева дека проблемот ќе се решел наскоро, но тешко до крајот на оваа година, оти како што рече, потребни биле 30 дена од денот на одобрување на книгите.

  • Се уште се бараат ренцензенти за учебниците по Историја и општество за петто и шесто одделение, а учебникот по Математика за трето одделние од вчера се доставува до училиштата, изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири.

Проблем, веројатно се бугарските диктати и условувања поради кои добар дел од историчарите и професорите не сакаат да стават потпис како рецензентит на таков учебник.

За побрзо да оди работата, министерот бара од професорите да бидат поактивни, и да се вклучат во рецензијата на учебникот по „Историја и општество“ за овие две одделенија.

Тоа што никаде ги нема учебниците по „Историја“ за петто и шесто одделение за наставниците е голем пропуст во образованието. Тие по кој знае кој пат побараа МОН, а пред се, државата да покаже поголема сериозност, и еднаш за секогаш некој да понесе одговорност оти на проблемите им нема крај.

Инаку, учебник по „Историја“ за овие одделение немаше ни лани, од истите причини. Во оние кои ги има пак има еден куп грешки – пишуваше дека Македонија на Запад граничи со Бугарија, дека врвот „Монт Еверест“ е висок 29 километри, беа помешани знамињата на некои европски држави.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста