Учебната година стартува со физичко присуство – утврдени протоколите

И покрај забрзаното ширење на корона вирусот  Комисијата за заразни болести и МОН одлучија наставата да се одвива со физичко присуство под посебни протоколи. Неколку дена ги делат учениците од школските клупи но оваа учебна година дел од нив ќе се соочат со низа промени. Кај родителите освен корона вирусот, страв и несигурност предизвикува новата концепција и дигиталните учебници. Дел од наставниците децидни – -На учениците и на наставниците местото им е во училница и тоа е неспорно. Но прашање е дали училиштата се подготвени за настава со физичко присуство?

На учениците и на наставниците местото им е во училница, тоа е неспорно. Сите ние тоа го посакуваме повеќе од било која друга опција. Но прашање е дали училиштата се подготвени за настава со физичко присуство? Веднаш да Ви одговорам – Не се. Можеби се оние со помалку ученици, во руралните средини, но не и училиштата кои имаат и по 1000 ученици – вели наставникот Гоце Бумбароски.

Протоколите за настава со физичко присуство предвидуваат задолжително носење заштитна маска, одржување дистанца, проветрување на училниците. Училиштето треба во функција да ги стави сите влезови, на сите вработени и на сите ученици им се мери температура при влез. Учениците од различни паралелки не треба да се мешаат, а забрането е влегување на родители и старатели.

Дигитализацијата пак, претставува уште еден проблем. Според Бумбароски, ниту една земја во светот нема воведено вака храбра реформа која предвидува дигитализација на учебниците. Според него, оваа реформа е избрзана, но и покрај острите реакции во јавноста, нема промени во ставовите на МОН.

За реформите во образованието реагираа многу наставници, професори, општо експертската фела. Родителите кои се против дигитализацијата организираа протести а бараа на Референдум да се одлучува по ова прашање. Но откако беа собрани потписите за Референдум, Законот беше повлечен од Собрание, што предизвика сомнежи кај јавноста. За на крај, ресорното министерство сепак да ја спроведе кај четвртоодделенците. Министерката Царовска веќе ги промовираше учебниците, и истите се дистрибуираат во школите ширум државава.

Адријана Алексиеска

Advertisements