УБИЕЦОТ НА ЏОРЏ ФЛОЈД НА СЛОБОДА ОТКАКО ПЛАТИ КАУЦИЈА ОД ЕДЕН МИЛИОН ДОЛАРИ

Обвинетиот за убиството на Џорџ Флојд е пуштен да се брани на слобода со кауција од еден милион долари. Според судските документи, полицаецот кој го уби Флојд платил кауција од еден милион долари.

Флојд почина на 25 мај откако обвинетиот Дерек Човин го притиснал на вратот по што тој изгубил воздух и починал. Тоа се случило при неговото приведување, откако се обидел во продавница да плати со фалсификувани 20 долари.

Тројцата полицајци вклучени во инцидентот –– се обвинети за соучество во убиството од втор степен. Тие претходно платија кауција од 750 илјади долари  и го чекаат судењето на слобода.

Смртта на Џорџ Флојд предизвика протести и немири низ цела Америка.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста