Уапсена затоа што одбила да стави маска во автобус

Триесет и едно-годишна Босанка е уапсена во Штајр  откако одбила да стави маска во автобусот, што е обврска во Австрија, како дел од мерките за заштита од корона вирусот.

Австриската влада  од минатата недела воведе обврска за носење заштитна маска во сите средства за јавен превоз.

Босанката не ја испочитувала  мерката и одбила да носи маска при влегување во автобусот.Откако возачот на автобусот ја укорил, таа започна да вика, ни другите патници не успеале да ја смират.

Бидејќи таа, покрај маската, одбила да го напушти автобусот, возачот повикал полиција а полицијата ја уапсила за кршење на закон и загрозување на јавниот ред.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста