Уапсена Катица Јанева- хронологија на целиот ден

Уапсена Катица Јанева. Мирното скопско утро, најавата за мирен ден, беше се освен тоа, во 13 часот од својот дом на улицата Стрежево со полициска придружба излезе шефицата на СЈО, која од надеж за правда во Македонија, стана осомничена во „Рекет“, бидејќи од осомничен во случајот „Империја“ примила подарок- мебел во вредност од 5.000 евра.

Од улицата населбата Козле, Јанева во фустан со темна боја замина во Специјалното јавно обвинителство, каде беше претресуван нејзиниот кабинет и одземен службениот компјутер на шефицата на СЈО.  Таму ја чекаа голем број новинарски екипи, но Јанева излезе од гаражата

По нешто повеќе од еден час минат во својата канцеларија, Јанева со полициска придружба се врати во својот дом, каде исто така имаше претрес, а одземен и беше мебелот кој го добила како подарок.

Додека вработените во Министерството за внатрешни работи го ставаа мебелот во полицискиот камион, на улицата Стрежова беа и дел од нејзините соседи, кои не сакаа да говорат пред камера, но коментираа дека одамна немало ваква раздвиженост во нивното маало, а некои и не ни знаеле дека имаат славна сосетка.

Товарното возило на МВР, откако го собра мебелот си замина, а околу половина час подоцна замина и Катица Јанева, која со полициска придружба отиде во Кривичниот суд кај судија на претходна постапка.

Пред Кривичниот суд медиумите немаа шанса да ја видат Јанева, која со автомобил влезе во гаражата.

Матеја Петровски