Уапсен „Малчанскиот бербер“
Киднаперот на 12-годишната Моника, е уапсен денеска на гробиштата во селото Малча, објавуваат српските медиуми.
Откако полицијата добила дојава дека бил виден во селото, веднаш се упатила и го пронашла на гробиштата. Изминатат ноќ спиел во шталата во една од куќите, а потоа излегол, најверојатно да бара храна.
Тоа полицијата го искористила и го уапсила.
Малата Моника беше најдена пред неколку дена, а Јовановиќ се даде во бегство. По 17 дена активна потрага, Нинослав Јивановиќ денеска е пронајден и веднаш е уапсен.
КАТЕГОРИИ Балкан