Уапсен кочанчанец под сомение дека сторил разбојништво и тешка кражба

На 26.08.2020 во 00.30 часот на ул.„Кеј на револуција“ во Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода Џ.Џ. (19) од Кочани поради постоење основи на сомнение дека е сторител на кривични дела „разбојништво“ и „тешка кражба“ извршени на подрачјето на Полициската станица Кочани. При преземање на службени дејствија, Џ.Џ. агресивно се однесувал кон полицискиот службеник. Се работи на комплетирање на случаите по што против Џ.Џ. ќе бидат поднесени соодветни пријави.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста