Уапсен граничарот од граничниот премин Блаце кој беше снимен како прима мито

Приведен е граничарот Шкрета Елхам од преминот „Блаце“ кој зема мито од 120 евра од новинарската екипа на ТВ „Клан„. Во видеото од истражувачката сторија со скриена камера се гледа како тие успеваат со поткуп да протнат без никакви проверки шест албански државјани, со по 20 евра по човек.
Од МВР велат го истражуваат случајот и преку секторот за внатрешна контрола.

Одделот за внатрешна контрола во координација со надлежното обвинителство уште од ноќеска интензивно работи на расчистување и санкционирање на случај со земање на мито од страна на полициски службеници на Граничниот премин Блаце. По расчистување на случајот и санкционирање на сторителите, соодветно ќе ја информираме јавноста, стои во соопштението на МВР.

Инаку Елхам, важи за голем поддржувач на сдсм, и на политиките на Зоран Заев.. Неретко, на социјалните мрежи, објавувал фотографии, на кои е фотографиран со високи партиски личности на социјалдемократите.. Новинарите тргнале во потрага по вистината откако добиле поплаки од албански превозник, кој се пожалил дека има голем проблем со македонската гранична полиција. „Не мито, туку им даваме плати секој ден, од 500 евра, 700 евра по возило. За секој патник тарифата беше 50 евра, но сега падна на 20 евра. Мито! За секој човек. Носам 20-30 патници. За секој патник мора да се дадат 20 евра.“ Изјавил албанскиот бизнисмен за албанската ТВ Клан.

Од обвинителството за организиран криминал за Алфа велат дека дале насоки за прибирање на информации и истражување на случајот до МВР.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста