У21: Македонија го почна подготовките за дуелите со Украина и Франција

Со подготовки за новите две пресметки во евро-квалификациите тргна и младата фудбалска селекација до 21 година. И тука ситуацијата не е сјајна. Без неколку важни играчи, како Чолаковски, Божиновски и Елези ќе ја пречекаме Украина в четврток, а три дена подоцна и фаворитот во групата, Франција. Од досегашните четири средби собравме 5 бода, за разлика од Украинците кои се пред нас со 9 и Французите на врвот со 10.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста