У20: Македонските кошаркари денеска против Швајцарија за прво место и полуфинале на ФИБА турнирот во Унгарија

Македонската кошаркарска репрезентација за играчи до 20 години попладнево од 16.30 часот се среќава со Швајцарија на ФИБА Челенџ турнирот во унгарскиот град Шопрон. Ова ќе биде директен дуел за првото место во нашата група, а воедно и за прогрес во полуфинале. Нашите младинци претходно извојуваа две победи против соодветните селекции на Луксембург и на Романија. Селекторот Тони Симиќ смета дека денешниот дуел со Швајцарците ќе биде далеку потежок од претходните два, но се надева пласман меѓу најдобрите четири селекции на турнирот.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста