„Тутунска надеж“: Награди за грабежот врз тутунарите добија проценителите блиски до власта

Дел од проценителите, ангажирани во продолжениот откуп на тутунот, а кој патем, за тутнопроизводителите беше покататсрофален дури и од редовниот, прилепскиот Тутунски комбинат, ги наградил со по 10.000 денари, обвинуваат од ТЗ „Тутунска надеж“, за разлика од останатите кои добиле двојно помалку. Тутунарите се сомневаат дека за добивањето на ваквите „награди“, пресуден критериум бил – лојалноста кон директорот и партиската припадност.

„Заради тоа што направија невиден пустош, особено со вонредниот откуп што му го откупија по 60 денари и со кало 20 пост. Значи, во ниеден Закон за откуп на тутун не пишува дека тутунот може да им се откупи со 20-30 посто кало…По мое, кои се припадници на неговата партија се наградени со по 10.000 денари, а луѓето што беа од старата власт останати, што не си заминаа, се наградени со по 5.000“ – вели КИРЕ РИСТЕСКИ – претседател на ТЗ “Тутунска надеж“.

  Директорот на прилепскиот Тутунски комбинат пак, Кире Станкоски, за Алфа ни потврди дека имало вакви наградувања. Но, според него, тоа било направено така, бидејќи станувало збор за нивни вработени кои за разлика од другите проценители, шест месеци ревносно биле ангажирани во откупот, што никогаш претходно не било.  

 Исто така, од ова Здружение, тврдат дека, за разлика од останатите четири новоформирани здруженија, тие досега не добиле никакво известување од ресорното Министерство за начинот на распределбата на средствата од петтиот Ковид-пакет, ниту пак имаат некаква информација за тоа кога ќе ги добијат и субвенциите, иако новата реколта веќе е во тек и која годинава ја работеле на вересија.

Минатата недела, останатите тутунски здруженија јавно обвинија дека државата и власта и со распределбата на петтиот Ковид-пакет, сакаат да направат уште еднаш кржба на тутунарите.

Каролина Дурло  

                                              

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста