Тутунопроизводителите на предупредувачки протест – ако не се променат работите следува радикализација

    Последно предупредување пред радикализација. Крајно нереалната проценка и екстремно ниските откупни цени, по само дваесетина дена од почетокот на откупната кампања, предупредувачки ги извадија на улица тутунарите од Пелагониско-долненскиот регион. Бараат итна корекција на откупните цени, укинување на четвртата класа и на дополнителните класи и заштитна цена од 200 денари за килограм тутун.

 „Нашата мака вреди една кутија цигари. Станување во два часот, целодневна работа, вреди 100 денари. Кило тутун ни се зема за 100 денари. Се проценува во трета и четврта класа. Одбитоци 10 насто. Луѓето одбиваат да го даваат, не можат да ги покријаат ни сопствените трошоците. Не чини 150 ден., ни го земаат за 120 ден. Изјавата на министерот дека сега е Ковид-криза и почеток на откупот, не е релеавнатна. Не е почеток на откупот и тоа како стратегија, не држи место и така не се решава проблемот“, – вели Игор Мирчески, претседател на Иницијативниот одбор.

   Македонските тутунари стравуваат и дека нема да им биде откупен целиот произведен род, а за кој тврдат дека бил квалитетен.

   „Да се откупи целокупниот тутун, не само по договорите. Луѓето имаат произведено 1000 килограми, а имаат договор за 800. Тие 200 каде ќе ги носат?! Одбитоците да бидат максимум 5 проценти во сите класи, да не се цени тутн на пет лисја во пакетите, да се гледа вкупната маса на тутун во пакетот“, посочува Мирчески.

 „Имам околу 5 тони и самата цена годинава кажува дека не се плаќа и не се цени реално тутунот. Не може да биде со толку лош квалитет кога сите знаеме каква година имаше. Значи, тутунот нас не ни се цени реално. Не може преку десет ливчиња, да го оцени цела кутија тутун…Значи, годинава е катастрофа“, објаснува Николче Петровски, тутунопроизводител од Битола.

 „Кога ги склучувавме договрите ни беа намлени количините на тутун кои што требаше да ги однесеме. Уште тогаш Здружението требаше да алармира до самите тутнари и да застане зад нас. Но, Здружението не се јави. Здружението го немаше нигде и чекаше ние, како Иницијативен одбор да застанеме зад народот и народот со нас за тогаш Здружението да се јави и да не поддржи“, – реагираше тутнопроизводителот Тони Ангелески.

     Од Иницијативниот одбор уверуваат дека тие се самоорганизирале преку фб и дека зад нив стои единствено нивната мака, без никакви партиски елементи. Тие додаваат и дека доколку од утре не се промени нешто, протестите ќе се радикализираат низ целата земја.

Каролина Дурло

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста