Тутунарите кои веќе ги намириле своите долгови кон МЗШВ, се уште ги немаат добиено субвенциите ?!

И покрај ветувањето дека во рок од 14 дена ќе им бидат исплатени субвенциите на околу 300-тата земјоделци кои имале ненамирени долгови на име „пашарина“ и „водарина“, а од кои 162 лица ги намириле уште минатиот месец, тоа се уште се нема случено. По нивната реакција, зошто доцни исплатата, понижувањето да биде уште поголемо, утринава, на некои од нив, од страна на директорот на Платежната агенција, им било речено да си ги проверат сметките, бидејќи парите, наводно им биле уплатени.

 „Поминаа не дваесет, поминаа триесет дена еве, јас на 2.06. извршив уплата, пари нема. Што е уште потрагично, утрово после прашањето – зошто нема пари, господинот Бачовски, ми се јави на месинџер и ми вика – пред да ми пишиш зошто нема пари, провери си ја сметката, парите ти се исплатени….Значи, господинот Бачовски ме излажа првиот пат кога рече дека парите ќе легнат во рок од 14 дена, а ме излажи и денеска кога ми рече дека парите се исплатени, а не се…Господине Бачоски до кога мислите да не лажете, кажете ни го крајниот датум…“ – ни изјави за Алфа, Васко Јосифовски.

Директорот на Платежната агенција пак, Никица Бачовски, вината ја префрли врз земјоделците кои навремено не си ги намириле долговите и се правда дека тие, како Агенција ги направиле сите отстапки за и овие земјоделци да ги добијат субвенциите со тоа што им дале дополнителен рок за да си ги намират долговите.Тој вели дека досега пуштиле две транши на исплата, а додека за останатите исплати бара трпение од тутунарите, бидејќи налозите за исплата се правеле групно, а не парцијално. Бачовски одбегна да го каже датумот кога ќе бидат исплатени и другите транши. 

Каролина Дурло

        

                                                                                              

                                                                                      

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста