Туск: Не треба да има избори во време на пандемија

Поранешниот претседател на Европскиот совет Доналд Туск повика на бојкот на претстојните претседателски избори во Полска кои треба да се одржат на десетти мај. Во твитер обраќање изјави дека постои ризик од одржување избори во време на пандемија од корона вирус. Според Туск прв човек на Европката народна партија не може да се гарантира и регуларноста на електронското гласање кое го предложи партијата на правото и правдата. Туск смета дека ако постои решителност кај народот власта ќе се откаже од избори во последен момент.

“Според мое мислење, не треба да гласаме на гласањето по пошта. Ако сите фер и чесни Полјаци кажат„ Ова не се избори и ние нема да учествуваме “, партијата на правото и правдата ќе се повлече во последен момент. Изборите кои ги промовира владејачката десничарска партија „немаат врска со вистински избори“, вели Туск.

Ваквите размислувања и аргументи на Туск не се на линија на ставовите на оние кои сметаат дека и Македонија може да одржи парламентарни избори во време на пандемија. Или 30 или 60 дена по завршувањето на вонредната состојба односно во Јуни или Јули. Неофицијално власта ја разгледувала ваквата можмност. Дури и иницијативата за свикување на собранието се разгледуваше во таква насока. Брзи избори пред негативниот ефект од корона вирусот пред се на економски план да ддобие на интензитет. Како и поради фактот дека прашањата за ЕУ и НАТО паднале ккомплетно во втор план.

ВМРО-ДПМНЕ е со став дека избори во време на пандемија не треба да има иско сметаат дека се фаворити.

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста