Турција зазеде уште две села во Сирија

Во рамки на операцијата „Извор на мирот“, Турција зазеде уште две курдски села во североисточниот дел на Сирија, јави Анадолија.

Турската војска, заедно со сириски борци, ги зазедоа селата Тал Хафер и Асфар Неџар.

Во последните два дена Турција зазеде 13 села во северна Сирија.

Турција соопшти дека планира да продре во Сирија 30 километри од границата за да ги сузбие курдските сили и да постави т.н. „зона на безбедност“.

Во офанзивата Турција користи бомбардирање и копнени сили.