Турција бара екстрадиција на 18-те осомничени за убиството на Кашоги

Обвинителството во Истанбул планира да побара екстрадиција на 18-те осомничени за вмешаност во убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, за да им се суди.

Канцеларијата на главниот обвинител во Истанбул поднесе такво барање до турското Министерство за правда, јави Анадолија, додавајќи дека турското Министерство за надворешни работи формално ќе побара екстрадиција.

Саудиска Арабија уапси 18 лица во врска со убиството на Кашоги во Конзулатот на таа земја на 2 октомври во Истанбул.

Турција тврди дека за убиството на новинарот во Истанбул биле испратени 15 лица од Саудиска Арабија.   Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган рече дека преостанатите тројца се вработени во Конзулатот.