ТУРСКИТЕ МЕДИУМИ ПИШУВААТ ДЕКА ФЕНЕРБАХЧЕ ЌЕ ГО ПОСТАВИ ИГОР АНГЕЛОВСКИ ЗА ТРЕНЕР

Довчерашниот македонски фудбалски селектор Игор Ангеловски е фаворит за преземање на Фенербахче-пишуваат дел од истанбулските весници. Според нивната верзија сопственикот на црно жолтите Али Коч од поодамна бил имперсиониран од работата на Ангеловски и многу можно е за најдоцна седум дена да го постави за прв човек на клупата на турскиот гигант. Инаку весникот наведува дека Коч веќе барал неколку еминентни тренери, но Биелса, Бенитез, Фавр и други го одбиле.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста