Турската полиција запленила 2 тони ГМО марихуана од Албанија

Рекордна количина од речиси два тони генетски модифицирана марихуана се запленети од турската полиција во два минибуси кои ги возеле Албанци.
Возилата кои полицијата ги запрела превезувале текстилни прозиводи, но со проверка биле откриено дека во транспортот имало и 1,88 тони дрога. Генетски мопдифицираната марихуана била спакувана во куфери во автобусите на двајца странци, чиј идентитет не се сопштува.
Турските служби соопштија дека сторителите на делото биле следени 6 месеци.