Туризам среде корона: Колку се безбедни атрактивните и егзотични дестинации?

Туристичките агенции да водат сметка каде ги праќаат туристите и прикреирањето на аранжманите неопходно е во целост да ги објават условите и содржината на патувањето.Но ова треба да го имаат во предвид и самите туристи и пред да ги склучат аранжманите добро да се информираат,оти меѓудругото секој понесува и сопствена одговорност-туристичките експерти укажуваат во време на пандемија да несе прифаќаат непроверени дестинации,колку и да се тие атрактивни. Ако дошло до зараза,како што беше случајот со патувањата во Занзибар, тоа значи дека не се запазувале безбедносните карактеристики.

Прва работа која во туризмот се превзема тоа е туристичката агенција да ги утврди безбедносните норми кои владеат во определена туристичка дестинација.Се’  друго вон тоа подлегнува на непроверени карактеристики од патувањето кои повлекуваат пак сега да Стопанската комора и здруженијата да превземат мерки со кои ќе ги етаблираат таквите однесувања – вели проф.д-р.Науме Мариноски- ФТУ.

 Туристичките агенции мораа да ги компензираат ланските, но и финасиските загуби кои сеуште ги бележат на дневна основа и со цел да го одржат туристичкото стопанство, наоѓаат држави каде што мерките се малку полабави или воопшто не постојат-велат експертите.Ова го отвора прашањето, колку се безбедни странските атрактивни дестинации? Владата воведе задолжителна самоизолација за домашните и странски патници кои во земјава доаѓаат од Бразил и Индија, но тоа не е доволно.Сугерираат тоа да важи и за егзотичните островски држави и афричките земји.

Можеби нашата  дражава ќе мора повторно да ги примени оние непопуларни мерки доколку некој сака да патува при влез при враќање во државата да помине 14 дневен карантин па да видиме навистина кој е храбар толку и кој би ризикувал поголем дел од своето време да помине барем 28 дена во изолација – вели Климент Наумов-здружение на водичи “Кеј”.

Туризмот е најбезбедна категорија доколку се почитуваат стандардите, но ние во нашата држава често пати сме склони туризмот да го доживуваме како авантура-подвлекуваат нашите соговорници.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста