Туристичките водичи на протести заедно со угостителите

Им зовре и на туристичките работници, масовно  ќе излезат на протестот во вторник и ќе им се придружат на незадоволните угостители.  Прометот им бил намален  од 80 до 100%. Велат дека политичарите биле неодговорни, па со негласањето на 5-тиот сет мерки конечно им станало јасно дека на никој не му било гајле за нив. Алармираат дека  финансиската состојба им е уште полоша од лани, никој нема интерес да патува, а Европа е затворена за македонските државјани. Револтирани се бидејќи  за имплементација на државните мерки чекале 6 месеци, изостанува континуираната помош,  вакцини нема доволно, па европските држави и натаму се затворени за Македонците. Алармираат дека трошоците само се зголемуваат, а од ден на ден крах им се заканува на се поголем број туристички агенции.

Интересот за патување е сведен на минимум, скоро и да не постои. Падот на прометот кај сите турстички агенции е над 80 проценти, а кај големиот дел и 100 проценти. 2021 година беше годината кога сите се надеваме дека ќе се вратиме во нормала меѓутоа за жал истата се покажа дури и полоша од претходната. Континуирана помош од страна на државата нема. Гледаме што се случува во петтиот пакет мерки и тоа не можеме д го поднесеме, изјави денеска на прес-конференција Ана Марија Алексова од Туристичко-угостителската комора.

Туристичките работници денеска поднесоа 3 барања до владата. Под итно да и се одобри неповратна финансиска помош, односно грант на секоја туристичка агенција и  да се продолжи рокот на ваучерите за ланските нереализирани патувања  од крајот на декември оваа година за до крајот на 2022-та година. Бараат и ваучерите кои ќе им се даваат на граѓаните за летување летово во Македонија да одат директно преку туристичките агенции.

– Ова ни е потребно за опстанок во ова време, потенцира Алексова.

Илјадници работници се уште чекаат исплата на платите за февруари и март и немаат задравствено осигурување во време на пандемија. И покрај апелите на бизнисот, државна помош за исплата на плата за април ќе нема. Образложението на Владата беше дека состојбата се подобрувала, стопанството закрепнувало, па за тоа немало потреба. Под притисок на јавноста, Владата најави дополнителни мерки за затворените угостителски објекти, но досега ништо не е конкретизирано. За една година без работа во земјава останаа 55 илјади граѓани.

Тања Попова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста