Туристичките водичи ја делат судбината на македонскиот туризам

Туристичките водичи во Македонија извисија,во државната каса или нема доволно пари за оваа категорија туристички работници или пак беа потполно заборавени.
-‘’Звучи нестварно и поразително, но факт е дека минална парична помош добија помалку од 15 % од водичите.Не би сакал да шпекулирам кој се’ доби сретства, но селективноста ги наруши односите и внесе раздор помеѓу водичите.Не може државата за некого да биде мајка, а за некого макеа.Помош требаше да добијат подеднакво сите водичи-вели претседателот на здружение на туристички водичи “Кеј”.
Значи имаше и такви колеги кои што приватно си плаќаа пензиско,инвалидски и здравствено и извисија, не беа опфатени со законот за помош на туристичките работници.Преку илјада туристички водичи постојат во Македонија,за да им биде помогнато на само 150 мислам дека и не е фер- вели Климент Наумов-здружение на туристички водичи “Кеј”.
Доведени во безизлез, голем број од туристичките водичи иако тоа им беше единствена дејност од која опстануваа, водичите за да донесат леб дома и да ги преживеат овие тешки времиња,работат се и сешто:од таксисти до дограмаџии и земјоделци.Оние кои не се снајдоа, тргнаа по белиот свет-вели Наумов.
Во меѓувреме ситуацијата налагаше секој да се снаоѓа,многу се вработија во некои диспечерски служби,некои почнаа да работат земјоделство,некои ја напуштија и државата. Во секој случај не ни е сјајна иднината – вели Климент Наумов-здружение на туристички водичи “Кеј”.
Кај Наумов нема оптимизам дека ќе дојде до придвижување во туризмот најмалку уште две години,оти како што вели сулудо е да се патува во време кога пандемијата коси.На домашните гости не можеме да се потпреме оти ним нити им треба водич, нити пак можеме да зборуваме дека ќе имаме или имавме некаква сезона летово оти тоа беше вештачки генериран краткотраен наплив со ваучерите за туризам.Владата мора посериозно да се зафати со егзистенцијалното прашање на туристичките водичи оти тоа е значајна дејност од која зависи промоцијата на Македонија,нејзината историја, јазик, култура и традиција-завршува Наумов.
Росица Голабоска