Туристичките работници утре излегуваат на протести поради тоа што државата не мрднала со прст да им помогне

Државата не заборави, туризмот оваа година е веќе пропаднат – велат туристичките работници кои утре ќе излезат на протест да го изразат револтот кон институциите кои немаат слух за нивниот проблем.  Дел од учесниците ќе се обратат со цел да потсетат дека цели пет месеци се без никакви примања, и немаат можност да ги покријат дури ни тековните трошоци.

Иако на почетокот на месецов, туристичките работници преку нивните комори се обратиле до релевантните институции за сет мерки со кои ќе можат да ја поминат кризата која ја наметна пандемијата, до сега не добиле одговор, а велат дека ако не добијат финансиста помош, многу од фирмите во овој сектор ќе бидат приморани наскоро да ставта клуч на врата. Тие побараа минимална плата за сите туристички работници со 100% платени придонеси и еднократна финансиска помош во зависност од прометот кој претходно го остварувале агенциите.

Овде станува збор за туристички агенции, туристички водичи и пребозници, кои се оставени сами на себе да се снаоѓаат од таа причина сакаме да претставиме дека не сме малку кои што зависат од ова, а доколку не ни дадат помош, сите тие поединци и нивните семејства ќе останат без парче леб, затоа упатуваме апел да не слушнат надлежните институции – вели Ана Марија Алексова – туристички работник.

Организаторите на протестот велат дека заеднички ќе се изборат за опстанок на повеќе од 5000 вработени во овој сектор и над 300 агенции во државава. Најавуваат мирен протест без никаква политичка позадина, а со оглед на тоа што се одржува во време на пандемија, преземени ќе бидат сите заштитни мерки.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста