Туристичките работници пред банкрот, бараат итна помош од државата

Банкрот им се заканува на туристичките агенции бидејќи пет месеци се со клуч на врата. 5000 семејства ќе останат на улица,  уште во август, ако продолжи  ваквата ситуација предупредуваат туристичките агенции.  Сите резервации им се откажани и не оставруваат никаков приход.   Неповратна помош од Фондот за туризам според остварен промет лани и субвенционирање на платите до крајот на годината со 100-процентно покривање на придонесите, бараат туристичките агенции од државата.

Предлагаме втор сет, но долгорочни мерки како дополнување на претходните за кои, пак, бараме пролонгирање. Се работи за вкупно девет мерки од кои две се клучни. Субвенционирањето на платите со 14.500 денари да биде до крајот на годината и со него да бидат опфатени сите агенции, вклучувајќи ги и оние што почнале со работа во јануари, односно оние кои немаат најмалку шест месеци активност, подвлече Пејоска Ристеска.

Наместо половична исполнетост туристичките агенции бараат патниците да можат да го наполнат автобусот  70 % . Бараат и продолжување на важноста на зелениот картон  до 2021 година.

Состојбата е алармантна и исклучително загружувачка ако се земе предвид колку семејства опстануваат и се прехрануваат од оваа дејност, рече извршната директорка на Стопанска комора за туризам на Македонија, Биљана Пејоска Ристеска.

Меѓу другото бараат и одложување на кредитите за една година како и целосно ослободување од ДДВ .  Мерките се веќе доставени до Министерството за економија.

Викторија Миткова

 

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста